09.9.2014 Конте против Норвешка со два центарфора
Репрезентацијата на Италија првиот квалификациски натпревар за Евро 2016 година би можела да го игра со двајца напаѓачи во првата постава, што не е вообичаено за „аѕурите“.
Италијанските медиуми очекуваат Антонио Конте, иако гостин, да ја нападне Норвешка во формацијата 3-5-2 со Чиро Имобиле и Симоне Заза во стартните 11.
Исто така, се очекуваат и промени во редот за врска, клучен играч би требало да биде Марко Верати, со оглед на тоа дека се повредени Андреа Пирло и Клаудио Маркисио. Меѓу стативите се очекува да се врати Џанлуиџи Буфон.
Италија блескаше во претходните квалификации за Светското првенство, но се посрамоти на Мундијалот. Сега е во групата со Норвешка, Хрватска, Бугарија, Азербејџан и Малта.
Во последните проверки пред квалификациите Италија ја надигра Холандија со 2-0, додека Норвешка е поразена од Англија со 1-0 на „Вембли“.
Норвешка последен пат ја дочека Италија во 2005 година, во квалификациите за Светското првенство, и тогаш со „аѕурите“ одигра 0-0.
Очекувана постава на Италија (3-5-2): Буфон – Ранокија, Бонучи, Астори – Дармијан, Флоренци, Де Роси, Џакерини, Де Шилјо – Заза, Имобиле.