Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2014

Алаба четири седмици надвор од теренот

Австрискиот фудбалер Давид Алаба ќе отсуствува четири седмици поради повреда на стомачниот мускул, поради што ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата.

Фудбалскиот сојуз на Австрија соопшти дека одбранбениот играч на Баерн Минхен се повреди на тренинг во петокот, поради што го пропушти и финалето на Купот на Германија, кое го освои неговиот клуб.
Марсел Колер, селекторот на Австрија, го повика 28-годишниот играч на Фортуна од Диселдорф Михаел Линдл, кој ќе дебитира за националниот тим.
Австрија на 3-0-ти мај во Инсбрук ќе игра со Исланд, додека четири дена подоцна во Оломоуц ќе се сретне со Чешка.

Најнови вести