Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2014

Легендарниот Рајан Гигс ја заврши кариерата

Рајан Гигс, фудбалерот на Манчестер јунајтед, изјави дека ја завршил играчката кариера и дека во иднина ќе ѝ се посвети тренерската работа.

Легендарниот Велшанец на 39 години се збогува од активното играње фудбал, а од наредната сезона ќе му биде помошник на новиот менаџер на Јунајтед, Луис ван Хал.
„Сакам да го најавам своето пензионирање и да отворам ново поглавје во мојот живот. Многу сум горд и среќен што за најдобриот клуб во светот одиграв 963 натпревари, но и 64 пати настапив за репрезентацијата на Велс. Мојот сон беше да играм за Манчестер јунајтед и тажен сум што веќе нема да бидам на теренот како играч. Се надевам дека ќе го вратиме Јунајтед во самиот врв на европскиот фудбал, местото кое ни припаѓа“, изјави Гигс.
Тој целата кариера ја помина во англискиот клуб и освои 33 трофеи, од кои 13 титули на Премиер лигата, две на Лигата на шампионите, четири пати ФА купот, четири пати Лига купот, девет Комјунити Шилд, УЕФА Суперкупот, Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство.
За Јунајтед одигра 963 натпревари и постигна 168 голови.

Најнови вести