Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2014

Гигс: Ќе го заменам Мојс? Не знам ништо

Рајан Гигс, легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, изјави дека не знае ништо за тоа дека би можело да го замени Дејвид Мојс на местото менаџер.

Четириесетгодишниот Велшанец беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед во триумфот над Олимпијакос со 3-0, во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а благодарение на тоа „црвените ѓаволи“ се пласираа понатаму, по поразот во Пиреј со 2-0.
Некои извори од „Олд Трафорд“ пред неколку дена изјавија дека очекуваат Гигс да биде именуван за менаџер пред крајот на сезоната доколку Мојс добие отказ. Но, кога беше прашан за тоа, велшкиот фудбалер изјави дека и понатаму е концентриран на својата играчка кариера.
„Не знам ништо за тоа. Како што видовте оваа вечер, и понатаму уживам во играњето фудбал и не планирам да се повлечам. Оваа сезона не е таква каква што очекувавме, мораме да играме подобро, како сега против Олимпијакос“, изјави Гигс.
Гигс, исто така, изјави дека се надева дека триумфот над шампионот на Грција ќе направи пресврт во сезоната на „црвените ѓаволи“.
„Ова беше добра ноќ за нас. Пред три дена овде бевме поразени од Ливерпул. Постигнавме три голови и го запревме Олимпијакос. Се надевам дека ова е пресврт“, додаде Гигс.
Јунајтед утре ќе го дознае името на противникот во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а наредниот натпревар на „црвените ѓаволи“ е во сабота, кога гостуваат кај Вест хем.


Најнови вести