07.3.2014 Касилјас: Лопез е одличен во Примера
Икер Касилјас, голманот на Реал Мадрид, го пофали својот колега Диего Лопез велејќи дека и тој има заслуги за добрата игра на мадриѓаните.
Иако не е стандарден во клубот, Касилјас беше прв голман на Шпанија во пријателскиот натпревар против Италија, кој шампионите на светот го добија со 1-0.
Екипата на Карло Анчелоти моментно е на чело на Примера лигата, а Касилјас смета дека 32-годишниот Лопез добро ја одработил својата работа.
„Диего Лопез има големи заслуги за првото место на табелата. Тој брани многу добро. И јас се трудам добро да ја одработам работата кога ќе добијам шанса“, изјави Касилјас, кој оваа сезона брани само на натпреварите од Купот и Лигата на шампионите.
„Мене тоа ми е во ред. Морате да слушате наредби. Сите сакаат повеќе, и тоа е добро. Ако одлуката е јас да бранам на тие натпревари, јас сум среќен“, додаде Касилјас.