Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2014

Вилја неизвесен за дуелот со Реал Мадрид

Давид Вилја, напаѓачот на Атлетико Мадрид, не е сигурен за утрешниот натпревар против Реал во полуфиналето на Кралскиот куп.

Шпанскиот репрезентативец ја напушти играта во 41-вата минута од натпреварот во кој Атлетико убедливо го совлада Реал Сосиедад со 4-0, а Вилја беше стрелец три минути пред да го повреди бутниот мускул.
Во полуфиналето на Кралскиот куп Атлетико гостува на „Сантијаго Бернабеу“ утре од 20 часот, а Реал Сосиедад гостува кај Барселона од 22 часот.
Вилја пред Атлетико настапуваше за: Барселона, Валенсија, Сарагоса и Спортинг Хихон. За репрезентацијата на Шпанија настапи 92 пати и постигна 56 голови и е најдобар стрелец на „црвената фурија“.
Од друга страна, Реал Мадрид ќе биде посилен со Герет Бејл кој ќе се врати во составот на „кралевите“.

Најнови вести