Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2014

Сисе потпиша за Бастија

Џибрил Сисе, досегашниот фудбалер на Кубањ од Краснодар, потпиша 18-месечен договор со Бастија, соопшти вчера францускиот клуб.

„Џибрил Сисе дојде во Бастија откако го раскина својот договор со Кубањ од Краснодар. Францускиот фудбалер ги помина медицинските прегледи и потпиша 18-месечен договор“, се наведува во соопштението.
Бастија моментно се наоѓа на 13-тото место на табелата на француското првенство, со 20 бодови заостанување зад првопласираниот ПСЖ.
Триесет и двегодишниот Сисе кариерата ја почна во Оксер, а играше и за: Ливерпул, Сандерленд, Панатинаикос, Лацио, Квинс парк ренџерс, Ал-Гарафа и Кубањ.
За репрезентацијата на Франција досега одигра 41 натпревар и постигна девет голови.

Најнови вести