Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2013

Рома со проблеми, по Тоти се повреди и Жервињо

Рома соопшти дека напаѓачот Жервињо ќе паузира најмалку две седмици поради повреда на коленото.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска сигурно ќе ги пропушти првенствените натпревари со Удинезе, Киево и Торино.
Неговото отсуство дополнително ја отежнува ситуацијата на тренерот на „волчицата“, Руди Гарсија, бидејќи до крајот на месецот поради повреда ќе паузира и капитенот Франческо Тоти.
Екипата на Рома оваа сезона одлично игра во Серија А, по осум одиграни кола, се наоѓа на првото место на табелата со максимални 24 бодови.
Жервињо ги одигра сите осум натпревари и постигна три гола.

Најнови вести