Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2013

Реал Мадрид без Бејл против Копенхаген

Герет Бејл, крилниот напаѓач на Реал Мадрид, поради проблеми со бутниот мускул на левата нога нема да конкурира за денешната средба во второто коло од групата Б на Лигата на шампионите против Копенхаген во Мадрид.

Дваесет и четири годишниот Велшанец од таа причина ги пропушти и првенствените натпревари против Хетафе и Елче, но се врати во екипата во средбата против Атлетико Мадрид, во која неговиот тим изгуби со 1-0 и сега заостанува со пет бодови зад Барселона и Атлетико во Примера лигата. Бејл во натпреварот влезе како замена во второто полувреме.
Вчера Бејл не тренираше со своите соиграчи, туку индивидуално вежбаше во сала. Тренерот Карло Анчелоти не го стави на списокот од 21 играч за дуелот со данскиот шампион.
Реал Мадрид на стартот на Лигата на шампионите во гости го совлада Галатасарај со 6-1, додека Копенхаген на свој терен одигра 1-1 со Јувентус.

Најнови вести