Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2013

Пасторе нема да игра против Евијан

Хавиер Пасторе, аргентинскиот офанзивен играч за врска на ПСЖ, ќе го пропушти четврт-финалниот натпревар на Францускиот фудбалски куп на денешното гостување кај Евијан.

Причина е повредата на бутниот мускул, а веста ја објави тренерот на составот од Париз, Карло Анчелоти.
Пасторе оваа сезона има учинок од три гола и осум асистенции во францускиот шампионат, додека во Францускиот куп постигна еден гол во два одиграни натпревари.
По вчерашните четврт-финални натпревари на Францускиот куп Троа беше поуспешна од Нанси со 3-0, Лориен на гости го победи Сент Етјен со 2-1, а денес во последната четврт-финална средба ќе се сретнат Ленс и Бордо.

Најнови вести