Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2012

Играчите на Тун гласаа и се одлучија за отказ на тренерот

Фудбалерите на Тун по шеснаесет одиграни натпревари се наоѓаат на претпоследното место во швајцарската прва лига. Лошите резултати донесоа и смена на тренерската клупа.

Тун досега го водеше 61-годишниот Бернар Каландес, а отказот го доби на единствен начин. Играчите гласаа и мнозински одлучија дека повеќе не сакаат да работат под негово водство.
По последниот пораз од Лозана (3-0), тренерот Каландес ги праша фудбалерите дали сè уште имаат доверба во него и дали сакаат да ја продолжат соработката, а мнозинството гласаше негативно. По гласањето тој отишол кај челниците на клубот и сам понудил оставка раскажувајќи што се случило во соблекувалната.
„Каландес одлучи да ги сноси последиците и се повлече“, соопшти клубот.
Пред три години Каландес го водеше Цирих до швајцарската шампионска титула, а со него играше и во Лигата на шампионите.

Најнови вести