Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2012

Рибери ќе го пропушти отворањето на сезоната поради настинка

Два дена пред почетокот на новата сезона на Бундеслигата, Баерн Минхен го мачи здравјето на францускиот фудбалски репрезентативец Франк Рибери.

Баерн во сабота ќе гостува кај новиот прволигаш Гројтер Фирт, а настапот на Рибери поради настинка и понатаму е под знак прашалник.
Дваесет и деветгодишниот Французин на натпреварот од Германскиот куп против Регенсбург на полувремето беше заменет поради чувство на слабост, која на крајот се покажа како предзнак на настинка.
Вчера Рибери не тренираше со екипата, а според пишувањата на германските медиуми, нема да тренира ниту денес.

Најнови вести