Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2012

Просинечки си замина од Црвена ѕвезда

По една година и девет месеци од доаѓањето на „Маракана“, Роберт Просинечки ја напушти клупата на Црвена ѕвезда.

„Многу ми е жал и тешко ми е. Не сум веќе шеф. Одлуката е моја. Повеќе не чувствувам дека можам да продолжам“, им рече Просинечки на новинарите воздржувајќи се да не заплаче.
Последниот натпревар на кој ги водеше „црвено-белите“ Роберт Просинечки беше вчерашното реми со Рад, во кое Ѕвезда едвај дојде до бод и покрај тоа што Рад цели 70 минути имаше играч помалку. Сепак, тој изјави дека Рад не е причината , туку само последица.
„Оваа одлука не е од вчера. Не е причина синоќешниот натпревар. Преноќив, два месеци размислував за ова. Се двоумев. Се консултирав со семејството, со пријателите. Разговарав и со претседателот Владан Лукиќ. Овде останувам до Бордо, сите заедно да навиваме за овие момци. Имаат шанса, треба само да им се пружи можност. И понатаму мислам дека создадовме добар тим, кадар да ја врати титулата на ’Маракана’“, додаде Просинечки.
Роберт Просинечки на клупата на Црвена ѕвезда седна во декември 2010 година, но не успеа да ја прекине доминацијата на Партизан во домашното првенство, а единствен трофеј што го освои беше пехарот на Купот на Србија минатата сезона.

Најнови вести