Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2012

Калстром од Лион во Спартак

Ким Калстром, 29-годишниот шведски фудбалски репрезентативец, својата кариера ќе ја продолжи во Спартак од Москва, во кој доаѓа од Лион со оштета од три милиони евра, пишува „Л’Екип“.

Официјално договорот ќе биде потпишан во текот на викендот, по направените лекарски прегледи, а деталите од договорената соработка меѓу левоногиот шведски играч за врска и Спартак не се познати.
На Калстром Спартак ќе му биде петти различен клуб во кариерата, по Хакен, Ѓургарден, Рен и Лион.
За шведската репрезентација досега собра 95 настапи и притоа постигна 16 голови.

Најнови вести