Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2012

Лаудруп го доведе Флорес во Свонси

Шпанскиот одбранбен фудбалер Хосе Мануел Флорес кариерата ќе ја продолжи во Свонси, соопшти англискиот премиерлигаш.

Флорес минатата сезона играше во Мајорка, како играч на заем од Џенова, а со велшкиот клуб потпиша договор вреден три милиони фунти.
Свонси во јуни го презеде Михаел Лаудруп, легендарниот дански фудбалер и поранешен тренер на Мајорка, кој дојде како замена за Брендан Роџерс.
„Лаудруп е една од главните причини за моето доаѓање. Добро ме познава и бев почестен кога ме повика. Мислам дека тој е одлично решение и стилот што го негува Свонси одговара на неговиот начин на игра“, рече Флорес.

Најнови вести