15.6.2012 Чех и Росицки сепак подготвени за Полска
Петр Чех, голманот на репрезентацијата на Чешка, се врати на тренинзите на националниот тим и ќе биде подготвен за одлучувачкиот натпревар од групата А против Полска, кој ќе се одигра во сабота.
Чуварот на мрежата на Челзи го повреди рамото во вторникот на натпреварот против Грција, а за мечот со Полска би требало да биде подготвен и играчот за врска и капитен Томаш Росицки.
Росицки во средата изјави дека го мачи повреда на Ахиловата тетива и дека едвај можел да стои, меѓутоа, денес се чувствува многу подобро и почнал со полесни тренинзи.