14.6.2012 Кака го напушта Реал Мадрид
Кака, играчот за врска на Реал Мадрид, во текот на летниот преоден рок ќе го напушти Кралскиот клуб, пренесоа медиумите во Шпанија.
Потврда стигна и од претседателот на Сао Пауло, Жоао Пауло де Хесус Лопез, кој би сакал Бразилецот да го види во својот тим, но оваа опција е тешко изводлива.
„Кака има понуди од големите европски клубови и веќе е сигурно дека ќе го напушти Реал Мадрид. Секако дека би сакале да го видиме во Сао Пауло, но неговата плата е многу голема и не одговара на реалноста на бразилскиот фудбал. Меѓутоа, треба да знаете дека ништо не е невозможно“, рече Лопез.
Како една од многуте опции се споменува и можното враќање на Кака во Милан, откако и претседателот Силвио Берлускони изрази голема желба да ја врати својата поранешна ѕвезда.