Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2012

На Лацио му се заканува исфрлање од Серија А

Италијанскиот комитет тврди дека ќе го исфрли Лацио во Серија Б, доколку во брзо време не се решат работите со закупнината на Олимпискиот стадион во Рим.

Лацио игра на „Олимпико“, но претседателот на клубот, Клаудио Лотито, постојано протестираше во врска со договорот за закуп.
Во римскиот клуб одат до таму што следната сезона би можеле да го изнајмат стадионот на Палермо и таму да ги играат своите натпревари како домаќини.
„Проблемите и понатаму се исти. Лацио сè уште не направил чекор напред и поради тоа би можел да биде исклучен од Серија А“, предупреди претседателот на ИОК, Џани Петручи.
Сè уште не е одлучено каде Лацио следната сезона ќе игра како домаќин.

Најнови вести