Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2012

Грант заминува од Партизан

Аврам Грант, тренерот на Партизан, потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот, но не сакаше да ги открие причините поради кои ја донел таа одлука.

„Тажен сум, но таков е животот. Сите треба да гледаме напред, во иднината, и клубот и навивачите. Минатата недела одлучив да ја искористам клаузулата што ја имам во договорот и да заминам“, рече Грант.
Израелскиот стратег појасни дека и порано имал вакви клаузули, со објаснување дека таа постоела бидејќи доволно не ја познавал лигата во која доаѓа.
„Од приватни причини се одлучив за оваа опција. Мојот план беше да останам подолго, но во животот секогаш се случуваат непланирани работи. Деталите би ги задржал за себе“, додаде Грант.
Грант рече дека не знае кој ќе биде негов наследник на клупата на „црно-белите“, но претпоставува дека тоа можеби е Владимир Вермезовиќ, а, исто така, ги демантираше и српските медиуми дека патува во Минхен на преговори со новите работодавци.

Најнови вести