Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2012

Блан именуваше 12 „странци“ на прелиминарниот список

За прв пат по август 2010 година, Хатем Бен Арфа се најде на списокот со кандидати за француската фудбалска репрезентација.

Прелиминарниот список од 12 играчи кои се кандидати за настап на Европското првенство во Полска и Украина е составен само од играчи од странство, најави вчера Лоран Блан, селекторот на француската репрезентација. Блан одлучи да му даде нова шанса на 25-годишниот напаѓач на Њукасл, кој оваа сезона повторно играше одлично по претрпената тешка фрактура на тибијата есента 2010 година.
На списокот е и Бен Арфа, соиграч од Њукасл на Јохан Кабаје, кој одигра многу добра дебитантска сезона по доаѓањето од Лил.
Од списокот се изоставени искусните Џибрил Сисе и Луис Саха.
Остатокот од репрезентацијата, со играчи од француските клубови, Блан ќе го објави по завршувањето на француското првенство.
Списокот на 12-те француски кандидати за Евро само од странство:
Одбранбени играчи: Гаел Клиши (Манчестер сити), Патрис Евра (Манчестер јунајтед), Јунес Кабул (Тотенхем), Лоран Косељни (Арсенал), Филип Мексес (Милан), Адил Рами(Валенсија)
Играчи за врска: Јохан Кабаје (Њукасл), Флоран Малуда (Њукасл), Самир Насри (Манчестер сити), Хатем Бен Арфа (Њукасл), Франк Рибери (Баерн Минхен)
Напаѓачи: Карим Бензема (Реал Мадрид)

Најнови вести