28.3.2012 Просинечки добива нов договор
Црвена ѕвезда планира да ја продолжи соработката со Роберт Просинечки без разлика на резултатите на „црвено-белите“ до крајот на сезоната.
Во поранешниот европски шампион се задоволни од работата на Просинечки во зимскиот преоден рок, кога драстично ја подмлади екипата.
Според мислењето на челниците на клубот, младиот тим уште од почетокот на пролетниот дел од сезоната покажа огромен потенцијал, па таа стратегија на тренерот се покажа како полн погодок. А хрватскиот стратег рече дека него не го интересира ништо друго сè додека на ја заврши планираната мисија во Црвена ѕвезда, па затоа се очекува тој да се согласи на продолжување на договорот.
„Делиите“ во моментов се на второто место на табелата во српскиот шампионат, со шест бодови помалку од лидерот Партизан.