Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2018

Пресвртот на Парма донесе радост во Велес и добивка од 4 илјади евра

Три победи на гостинските екипи и пресвртот на Парма во Џенова во кус рок само од 14 минути во првото полувреме му донесоа одлична добивка на обложувач во Велес.

Парма успеа да направи пресврт со три гола во првото полувреме против Џенова, што му донесе многу радост на обложувач од Велес и добивка од 247.500 денари, или околу 4 илјади евра.
Со уплата од илјада денари на тикет со три двојки, погодени се три гостински победи со различни знаци, а сè почна со мечот точно напладне, вчера меѓу Реус Депортиу и Гранада.
Гостите славеа со 1-2, таман за да се погоди комбинираниот знак 2-2&3+. Во меѓувреме, Есторил експресно ја наполни мрежата на Академика како гостин, победи со 7-2, за да биде погоден и вториот пар на тикетот, типуван со знак 2&Т2.
Најтешкиот и финалниот дел од мисијата да се добијат 4 илјади евра за обложувачот од Велес, беше да се погоди и типот 2-2 во Џенова.
Разиграниот Кжиштоф Пјонтек со гол на почетокот веројатно донесе мало разочарување, бидејќи домаќинот Џенова поведе со 1-0, но за насмевки се погрижија Ригони, Силјарди и Чераволо со по еден погодок од 16-тата до 30-тата минута, за целосен пресврт и предност на Парма од 3-1 на гости кај Џенова. До крајот на мечот немаше промени, за многу радост на нашиот добитник на 247.500 денари со уплата од „илјадарка“.

Добитен концепт во Тетово, гол-гол и два плус второ полувреме

Деветката му донесе среќа на обложувач во Тетово, а со интересен концепт и комбинација од игрите Гол-гол и Два плус второ полувреме, добивката е 167.454 денари.
Единствен исклучок од комбинацијата на тикетот со девет парови е типот Т1 на уругвајскиот Феникс против Бостон Ривер. Домаќините си ја завршија работата со два гола во првото полувреме, а кога и чилеанскиот гигант Коло Коло израмни во последен миг против Унион Еспањола со погодокот во 93-тата минута, јасно беше дека во Тетово има одлична добивка од околу 2.700 евра за уплатени 200 денари.

Балканско-јужноамериканска добитна комбинација во Виница

На спротивната страна од Македонија, на Истокот, во Виница одлично смислена балканско-јужноамериканска комбинација му донесе добивка на наш обложувач од точно 109.725 денари за минималната уплата од 20 денари. Со погодени четири парови со ист тип на игра 2-3 голови во прво полувреме и 2-3 во второ полувреме, добивката е околу 1.800 евра. И што е многу интересно, добитникот најмногу стравуваше од нашиот интернационалец Крсте Велкоски. Мечот меѓу Добој Какањ и Сараево заврши со резултат 0-6 (0-3), а последните голови во првото и во второто полувреме ги постигна Велкоски. Сè над тоа ќе значеше недобитен тикет, но за среќа на нашиот добитник, Велкоски не постигна хет-трик, па добивката е исплатена во Виница.

Кусо и ефектно во Ново Лисиче

Џејмс форест од Селтик и Клаудиу Кесеру од Лудогорец рафално погодуваа во првото полувреме против Сент Џонстон, односно Ботев, што му донесе убава добивка од 42 илјади денари на наш играч од Ново Лисиче. Кусо и ефектно, тој типувал дека Селтик и Лудогорец ќе постигнат најмалку по 4 голови во првото полувреме (Т2 4+ п.п.) на гостувањата кај Сент Џонстон, односно Ботев. Уплатата е 30 денари, а за исплата се погрижија Форест со 4 голови во првото полувреме на мечот Сент Џонстон – Селтик и Кесеру со хет-трик во првите 45 минути за Лудогорец против Ботев. Тука со еден гол помогна и Џоди Лукоки, а предноста на Лудогорец од 4-0 и на Селтик од 5-0 по првото полувреме, беа доволни за радост во Ново Лисиче. Лудогорец победи со 4-1, откако на полувремето имаше предност од 4-0, а Селтик беше уште поубедлив и со 6-0 го торпедираше Сент Џонстон, благодарение најмногу на „петардата“ во првиот дел.

Најнови вести