Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2017

Александар со коефициент 15.062 до Peugeot 3008!

Акцијата „Играј за автомобил“ по повод петнаесеттиот роденден на SPORT LIFE обложувалници која траеше од 29-ти септември до 30-ти ноември ни даде неколку неверојатни тикети со вкупни коефициенти кои беа меѓу најголемите погодени во нашата историја!

Со погоден вкупен коефициент од 15.062,62 може да се пофали Александар Илиоски, кој покрај одличната добивка од 346.440 денари, за својата „мајсторија“ доби и специјален подарок од SPORT LIFE обложувалници – прекрасниот автомобил „peugeot 3008“!
Триесетгодишниот битолчанец тикетот го уплатил 12 дена пред крајот на акцијата, на него мајсторски „наредил“ 10 натпревари и сите ги погоди!
„Се заблагодарувам на SPORT LIFE, уште еднаш докажа дека е најдобра обложувалница! Ваков подарок ретко се добива, покрај одличната добивка“, ни кажа задоволниот Александар.
„Тикетот го одиграв со цел да го фатам најголемиот коефициент, имав и претходно неколку неуспешни обиди, но овој пат ме посака среќата. Најмногу нервози имав со последниот натпревар, Стразбур – Рен, кој го типував 1, а домашните дојдоа до водство од 2-0 во 82-рата минута, а во 88-мата гостите го намалија резултатот и иако до крајот играа и со играч повеќе, на моја голема радост, резултатот остана непроменет и дојдов до големата парична добивка“, продолжи Александар.
„Со големиот погоден коефициент се надевав дека ќе останам на првото место, бидејќи вториот беше 10.141, и до крајот ’издржав’ на водечката позиција. Ова ми е прва голема добивка, а подарокот автомобил ја зголеми среќата“, додаде Александар.
„Се обложувам редовно во последните шест години, главно на фудбалски натпревари. Имам само пофални зборови за SPORT LIFE – најдобри услови за игра, највисоки коефициенти и најбогати и бројни подароци преку СЛ клубот, само продолжете така! Би ја искористил можноста да ви го честитам и убавиот јубилеј и ви посакувам успешна работа во иднина“, заврши Александар.
Пецо С. од Охрид со вкупен погоден коефициент од 10.141 го освои второто место и доби подарок од 2.000.000 поени во СЛ маркетот, а трет беше уште еден охриѓанец, Михајло В., кој со коефициент 2.837 доби 1.000.000 поени кои може да ги искористи во СЛ маркетот.
Им честитаме на сите добитници и на останатите типстери кои учествуваа во акцијата и кои го искористија бонусот од 15% на своите добитни тикети!
Тимот на SPORT LIFE обложувалници ќе  продолжи со нови изненадувања, акции и промоции за членовите на ексклузивниот SPORT LIFE клуб и во новата година.
Следете ги нашите други активности на нашиот профил на „Фејсбук“ www.facebook.com/sportlifebet и на „Твитер“ на http://twitter.com/sportlifebet за сите новости и понуди.

Најнови вести