Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2016

Јонче го доби првиот Festina Prestige!

Најуспешниот типстер кој го погоди најголемиот коефициент на тикет уплатен „во живо“ за изминатата седмица го доби подарокот - луксузниот часовник Festina Prestige.

Јонче Т. oд Скопје во неделата, во уплатното место на Sport Life во Петровец го уплати тикетот на кој имаше осум натпревари и вкупен коефициент од 579,75! 
Најуспешниот во првата седмица од акцијата „Обложувај се во живо за да не ти биде криво“ е редовен играч во Sport Life:
„Играм одамна, на ’обични’ тикети, а во последно време и доста ’во живо’. Типувам претежно на фудбалски натпревари и омилена игра ми е прогнозирањето на голови, 3+, 4+, таков беше и добитниот тикет. Немам некој систем на игра, гледам што е актуелно во понудата, голови секогаш има“, почна Јонче.
„Овој тикет го уплатив ’во живо’ затоа што не успеав да стигнам на време и дел од натпреварите веќе беа почнати. Новата понуда за ’живо’ во Sport Life е одлична и затоа не сакав да ја пропуштам шансата за евентуална добивка“, додаде Јонче.
„Ова ми е прв подарок од Sport Life. Досега имам добивано ваучери, но овој часовник секогаш ќе ме потсетува на мајсторијата и дека секогаш е време за уплаќање тикет во ’живо’“, се пошегува Јонче.
На Јонче му честитаме на подарокот и му посакуваме многу среќа во иднина. 
Сите останати типстери имаат шанса да го добијат прекрасниот подарок  - акцијата трае до 25-ти декември, секоја седмица ќе има Festina Prestige за најуспешниот типувач „во живо“!
Побрзајте, секоја секунда е нова можност! 

Најнови вести