Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2017

„Пежо 2008 СУВ“ за Сашко Ефтовски!

По финалето на шестата сезона на ТИПСТЕР КУПОТ, кое траеше од 12-ти мај до 13-ти јуни, нов Типстер-шампион на Македонија стана скопјанецот Сашко Ефтовски со освоени 81.158 поени и се избори за највредниот подарок сезонава - автомобилот „Peugeot 2008 SUV“.

ТИПСТЕР КУПОТ минатата сезона траеше осум месеци, а финалната пресметка почна на 12-ти мај и траеше до 13-ти јуни, со што успешно заврши шестата сезона и Македонија го доби најдобриот Типстер за 2017 година!
Финишот на ТИПСТЕР КУПОТ донесе многу возбудувања! Конкуренцијата меѓу водечките беше многу силна, но новиот шампион  нарави убаво водство во средината на финалето, а до крајот искусно и рутински ја задржа предноста и заслужено стигна до шампионскиот пехар и до главниот подарок .
Сашко Ефтовски од Скопје минатата сезона ја заврши на третата позиција, а годинава, со ланското искуство, стигна до титулата ТИПСТЕР број 1 во Македонија. 
„Се обложувам многу одамна, откако почна обложувањето во Македонија. Го следам спортот, особено тенисот, и најчесто типувам натпревари во тенис “, почна шампионот Сашко.
„Минатата сезона ја завршив на третата позиција, но по тој пласман увидов дека имав направено неколку грешки. Со тоа искуство, но и со многу среќа годинава стигнав до првото место и главниот подарок“, продолжи Сашко.
„Имав среќа кога се ’кршеше’ пласманот во финалето, погодив два тикета со коефициент 200. Претпоследното коло во Шпанија, кога им требаа победи, типував на Реал Мадрид и на Барселона, заедно со уште неколку тениски и кошаркарски натпревари, а следниот викенд одиграв ’двојка’ на финалето на италијанскиот Куп заедно со уште 15-тина тениски натпревари. Имав среќа тие тикети да бидат добитни и тогаш ја направив разликата. До крајот ’рутински’ ја одржував со тениски натпревари со помали коефициенти“, додаде победникот.
„На сите типстери за новата сезона им посакувам многу среќа, нека ги следат тимовите на кои типуваат и, најважно, да се придржуваат за формулата според која се добиваат поените во Типстер купот“, заврши шестиот Типстер шампион.
На сите типстери им се заблагодаруваме за учеството, а сите останати ги покануваме да се приклучат на седмата сезона која почна од први септември и ќе трае во девет месечни етапи.
Следете ги нашите активности на нашата интернет-страница www.sportlife.com.mk, на нашиот профил на „Фејсбук“ www.facebook.com/sportlifebet или на http://twitter.com/sportlifebet за сите новости за нашите акции и понуди и искористете ги сите поволности за членовите на ексклузивниот SPORT LIFE клуб.

ТИПСТЕР КУП - 6. СЕЗОНА
1. Е. Сашко 81.158 Автомобил „Peugeot 2008 SUV“
2. Е. Наташа 75.136 4.000.000 СЛ Маркет поени
3 Д. Благојчо 71.867, 2.000.000 СЛ Маркет поени
4 А. Бојан 69.417 500.000 СЛ Маркет поени
5 С. Јане 66.946 200.000 СЛ Маркет поени

Досегашни шампиони во ТИПСТЕР КУП
Сезона 2011/12: Дарко Мицевски
Сезона 2012/13: Михаил Караиванов
Сезона 2013/14: Зоран Здравески
Сезона 2014/15: Тоде Климевски
Сезона 2015/16: Деан Стојковски
Сезона 2016/17: Сашко Ефтовски

Најнови вести