Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2016

Дарко ќе го носи четвртиот Festina Prestige

Дарко Саревски од Скопје во четвртата седмица го погоди најголемиот коефициент на тикет уплатен „во живо“ од акцијата на Sport Life обложувалници и го доби четвртиот часовник Festina Prestige.

Дарко Саревски од Скопје минатиот четврток, во уплатното место на Sport Life во ГТЦ уплати тикет со осум натпревари со коефициент од 518,53, втор најголем од почетокот на акцијата! 
Дваесет и седумгодишниот Дарко се обложува во Sport Life последните пет-шест години, а добитниот тикет му е трет уплатен во живо:
„Се обложувам на фудбал и на вечерните НБА-натпревари, на нормални тикети. Мотив да уплатам во живо беше убавиот подарок за најдобриот типстер во живо. Ги следев натпреварите и типував дека ќе има уште голови на средбите на кои играа фаворитите и дека ќе нема голови на тие средби кои мислев дека се решени“, почна Дарко.
„Ме посака среќата и станав добитен на толку висок коефициент. Знаењето за фудбалските натпревари не е толку важно, треба малку повеќе среќа. Досега сум бил добитен на неколку убави суми, но ваквата добивка е многу ’послатка’“, додаде Дарко.
„Акцијата ’Обложувај се во живо’ е одлична и ќе продолжам да играм вакви тикети, особено што ги има натпреварите од целата понуда за обложување, а зошто да не ’фатам’ и уште еден часовник?“, заврши четвртиот добитник на Festina Prestige.
Честитки за Дарко за умешноста да состави добитен тикет со толку висок коефициент и среќата која го послужи во живо и му посакуваме успех во обложувањето и во иднина. 
Останаа уште четири луксузни Festina Prestige часовници, акцијата трае до 25-ти декември, а дотогаш чекаме добитник од другите делови на Македонија да биде најуспешен типувач „во живо“!
Побрзајте, секоја секунда е нова можност!

Најнови вести