Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2016

И третиот Festina Prestige остана во Скопје

Зоран Цветаноски од Скопје го погоди најголемиот коефициент на тикет уплатен „во живо“ во третата седмица од акцијата на Sport Life обложувалници и го доби третиот часовник Festina Prestige.

Педесетгодишниот Зоран Цветаноски од Скопје минатата сабота, во уплатното место на Sport Life во Карпош 4 уплати тикет со седум натпревари со коефициент од 442,72! 
Третиот добитник на часовник од акцијата „Обложувај се во живо за да не ти биде криво“ е редовен играч во Sport Life:
„Се обложувам одамна и главно играм тикети со натпревари кои сакам добро да ги истражам на интернет. Обложувањетo во живо не е моја игра, но овој тикет беше уплатен со намера да го фатам највисокиот коефициент во неделата и да го ’бркам’ часовникот. Го уплатив во 22:01 часот, ме посака среќата, а најголемиот коефициент на тикетот беше на натпреварот на италијанската двојка Терамо - Анкона, кој во тој момент беше израмнет. За да го дополнам тикетот додадов дека ќе има и гол повеќе на мадридското дерби, а и Лехија направи пресврт да ’излезе’ кецот“, почна Зоран.
„Овој вид обложување е одлична идеја, има повеќе адреналин, различна е логиката за типување на веќе почнати натпревари. Морам да ве пофалам за идејата за играта и за оваа акција, а часовникот е круна на тикетот“, додаде Зоран.
„Досега имам неколку поголеми добитни тикети, последниот пред две седмици, на кој имав погодено 15 натпревари. Ги следам натпреварите и анализите на интернет и ’бркам’ изненадувања, и често сум добитен. Освен ваучерите, ова ми е прв вреден подарок, а поените од тикетот добро ќе користат и во Типстер купот“, заврши Зоран.
Честитки за Зоран за умешноста во обложувањето во живо и му посакуваме многу среќа во иднина. 
Сите останати типстери уште имаат шанса да го погодат најголемиот коефициент во живо и да добијат прекрасен подарок  - акцијата трае до 25-ти декември, а дотогаш секоја седмица ќе има Festina Prestige за најуспешниот типувач „во живо“!
Побрзајте, секоја секунда е нова можност!

Најнови вести