Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2016

Шестиот Festina Prestige за Димитар

Димитар Трпковски од Скопје е вториот типувач од скопската населба Карпош 4 кој во шестата седмица го погоди најголемиот коефициент на тикет уплатен „во живо“ од акцијата на Sport Life обложувалници и како подарок доби ексклузивен часовник Festina Prestige.

Триесет и четиригодишниот Димитар минатиот петок, во уплатното место на Sport Life во Карпош 4 уплати тикет со пет натпревари со коефициент од 254,98! Ова е втор тикет „во живо“ со најголем коефициент додека трае акцијата и со право може да се каже дека во Карпош 4 живеат најголемите мајстори за „живо“.
Димитар се обложува во Sport Life одамна, а во последно време сè повеќе игра „во живо“:
„Се обложувам само на фудбалски натпревари и главно на голови. Следам неколку првенства во кои ’паѓаат’ голови и претежно типувам на тие натпревари“, почна Димитар.
„Натпреварите на добитниот тикет веќе беа почнати и осетив дека ќе има уште голови. По саботните резултати, знаев дека тикетот ќе биде победнички. Ме посака среќата и покрај добивката, часовникот е многу убав бонус“, додаде шестиот добитник на Festina Prestige.
„Акцијата ’Обложувај се во живо’ е одлична затоа што покрај евентуалната добивка, дополнителниот подарок за најдобриот е мотив плус. Ќе продолжам да се обложувам во ’живо’ затоа што сега ја има целата понуда од билтенот“, заврши Димитар.
Честитки за Димитар за добитниот тикет и за часовникот и му посакуваме успех во обложувањето и во иднина. 
Останаа уште две седмици од акцијата и исто толку луксузни Festina Prestige часовници. Искористете ја шансата и направете го тикетот со највисокиот коефициент!
Побрзајте, секоја секунда е нова можност!

Најнови вести