02.2.2012 Кабаје суспендиран на три натпревари
Англискиот фудбалски сојуз го суспендира Јохан Кабаје, играчот за врска на Њукасл, на три натпревари поради насилно однесување.
Францускиот репрезентативец е казнет поради удирање на Адам Ел-Абд, одбранбениот играч на Брајтон, во текот на дуелот од четвртото коло на ФА купот, во кој Њукасл е поразен со 1-0.
Кабаје го пропушти вчерашниот натпревар против Блекбурн во Премиер лигата, а ќе ги пропушти и дуелите против Астон вила и Тотенхем.