Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Болт дебитираше во професионалниот фудбал

Најбрзиот човек во светот влезе како резерва и промаши неколку шанси

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јусејн Болт дебитираше во професионалниот фудбал. Болт влезе како резерва во 72-рата минута, во победата на Централ Коуст Маринерс од 6-1 во претсезонски меч против Централ Коуст Селект. Мечот го следеа речиси 10.000 гледачи. 
Јамајчанецот, кој има 32 години, играше на позицијата лево крило и имаше неколку шанси за погодок, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Осумкратниот олимписки шампион успеа да се наметне во тимот кој минатата сезона ја заврши на последното место во А-лигата. 
Болт ја заврши атлетската кариера минатата година, и тоа по завршување на Светското првенство во Лондон.

 

Најнови вести