Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Де Хеа прими 10 гола од последните 14 шута

Шпанецот е во очајна форма, а ќе добива плата од 200.000 фунти неделно

Реал Мадрид не успеа да го доведе Давид де Хеа на „Сантијаго Бернабеу“, а според последната статистика на шпанскиот репрезентативен чувар, тоа и не е некоја голема загуба. Де Хеа е во очајна форма летово. Ако се соберат настапите на Светското првенство во Русија, како и првите два меча во Премиер лигата, Де Хеа има примено 10 погодоци од 14 удари кои оделе директно кон неговиот гол. 
Очајната голманска низа на Де Хеа започна во репрезентативниот дрес. На Мундијалот во Русија го имаше најлошиот голмански биланс во последните 52 години. Од последните седум удари кон неговиот гол, дури шест ја затресоа мрежата на шпанската репрезентација. 
Дека тоа не беа само лоши моменти од Мундијалот, се потврди и на првите два меча од англиската Премиер лига. Манчестер прими четири гола во 180 минути, и тоа од седум удари кон голот на Де Хеа. 
Тоа значи дека комбинирано како голман на Шпанија и на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа примил вкупно 10 гола од 14 удари. Интересно е што и покрај ваквата статистика, шпанскиот голман доби нов договор во Манчестер, според кој ќе добива неделна плата од 200.000 фунти. 

 

Најнови вести