Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Србите во шок – Шпановиќ донесе неочекувана одлука

Ивана ќе ја нема во вечерашното финале во скок во далечина на ЕП

Ивана Шпановиќ има повреда на ахиловата тетива на десната нога, и нема да настапи во вечерашното финале во скок во далечина на Европското првенство во Берлин. Србите веруваа дека таа им е адут за да освојат златен медал, но Ивана ќе ја нема ниту меѓу финалистките. 
Тренерот Горан Обрадовиќ кажа дека одлуката е донесена после прегледувањето на снимките на магнетна резонанца. Шпановиќ се повредила во квалификациите во нејзината дисциплина. Во прв момент, не изгледало дека е нешто сериозно, но снимката покажала нешто друго, дека во ногата на Ивана има парцијална руптура на ахиловата тетива, и ако скокала во финалето, можела да си ја загрози својата понатамошна кариера. 
Шпановиќ беше актуелен европски првак во скок во далечина, но тронот ќе мора да и го препушти на своја колешка. Атлетичарката напиша дека со скршено срце соопштува оти медицинскиот тим и забранил настап, бидејќи има напукната тетива. Таа се повредила во првиот обид од квалификациите, и имаше најдобар резултат, па со право важеше за фаворитка за златото.  

 

Најнови вести