Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2015

Болт уште е најбрз на светот!

Светскиот рекордер на сто метри Јусеин Болт го освои златниот медал на Светското првенство во Пекинг!

Тој во финалето истрча за 9,79 секунди и за една стотинка беше прв пред Џастин Гетлин од САД.
Многумина Американецот го сметаа за фаворит – Гетлин се врати по суспензијата поради допинг, беше во одлична форма, додека Јамајчанецот се мачеше со повреди.
И покрај тоа, Болт беше во најдобро издание на сезоната токму кога беше најпотребно и стана трет човек во историјата кој има три златни медали од светските шампионати, покрај Карл Луис и Морис Грин. Исто така, тој е првиот атлетичар во историјата со 11 медали од светските првенства, а Карл Луис има десет.
Бронзениот медал за време од 9,92 секунди го поделија Канаѓанецот Андре де Грас (личен рекорд) и Трејвон Бромел, а петти беше Мајк Роџерс од САД. За време од десет секунди истрчаа: Асафа Пауел, Тајсон Геј и Џими Вико, додека последен беше Кинезот Брингтијан Су за време од 10,06 секунди.