Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2012

Злато и нов олимписки рекорд за Болт

Јамајчанскиот спринтер Јусеин Болт го освои златниот медал во најатрактивната атлетска дисциплина на 100 метри со нов олимписки рекорд од 9.62 секунди.

Сребрениот медал го освои вториот Јамајчанец, Јохан Блејк со време 9.75, а трет беше Американецот Џастин Гејтлин со време 9.79 секунди.
Асафа Пауел беше најбрз во првите 30 метри од експлозивната трка и ги повлече останатите спринтери, но тогаш Болт почна да забрзува, а Пауел забави и помина низ целта со време од 11.99 секунди. Блејк, Гејтлин и Бејли на финалната трка во Лондон поставија свои лични рекорди во трката која дури седум атлетичари ја завршија во границата под 10 секунди.
Претходниот олимписки рекорд изнесуваше 9.69 секунди и исто така го постави Јусеин Болт, а светскиот рекорд на 100 метри го постави во Берлин во 2009 година и изнесува 9.58 секунди.
Болт со оваа трка потврди дека најверојатно е најдобриот спринтер во историјата, а следните денови го очекуваат трките на 200 метри и штафетата на Јамајка 4х100 метри.

1. Јусеин Болт                9.63 (Олимписки рекорд)
2. Јохан Блејк                9.75 (личен рекорд)
3. Џастин Гејтлин            9.79 (личен рекорд)
4. Тајсон Геј                   9.80
5. Рајан Бејли                 9.88 (личен рекорд)
6. Чуранди Мартина        9.94
7. Ричард Томпсон          9.98
8. Асафа Пауел              11.99

Најнови вести