Чехинката Естер Ледецка испиша историја на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
По освојувањето на златниот медал во алпско скијање, таа стана прва натпреварувачка која стигна до златото во паралелниот слалом и во сноубордот. Таа во финалето беше подобра од Германката Селина Јерг. Истовремено беа поделени и златните медали во машка конкуренција – бронзениот отиде во Словенија, кај Жан Кошир, сребрениот на домаќинот му го донесе Ли Сангхо, додека нов олимписки шампион стана Невил Галмарини од Швајцарија.
Поврзани вести