Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Загина светски првак во атлетика

Беше првиот Кениец што освоил светска титула на трка пократка од 800 метри

Кенискиот атлетичар, Николас Бет, го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во неговата родна земја. Бет е познат по тоа што во 2015 година, на Светското првенство во Пекинг, стана светски првак во трката на 400 метри со пречки.
Бет кој имаше 28 години, со својот автомобил „Тојота Прадо“ се враќал дома од првенство на Африка кое се одржувало во Нигерија, а кобната грешка ја направил во близина на градот Нанди во северо-западниот дел на Кенија, каде што удрил во грпка на патот, загубил контрола врз возилото, се превртел и излетал од патот. Станува збор за планинско подрачје, на висока надморска височина. 
Тој беше првиот Кениец што освоил светска титула на трка пократка од 800 метри. Откако се прослави во Пекинг 2015, на Олимписките игри во Рио важеше за фаворит за златото, но во квалификациите се сопна на последната пречка и беше дисквалификуван, па не дојде ниту до полуфиналето. 
Неговиот брат близнак, Арон Коеч, истотака е атлетичар, и член на кениската штафета 4х400 метри која минатата недела освои златен медал на африканскиот шампионат. 

 

Најнови вести