Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2013

Бланка Влашиќ се повлече од Светското првенство во Москва

Двократната светска шампионка во скок во височина, хрватската атлетичарка Бланка Влашиќ рече дека нема да учествува на претстојното Светско првенство во Москва.

„По натпреварувањето на митингот на Дијамантската лига во Монако, почувствував силни болки во нозете, а ситуацијата не се поправи ниту по останатите натпреварувања. Тоа е јасен знак дека мора да престанам со натпреварувања додека целосно не закрепнам“, наведе Влашиќ во соопштението на својата интернет-страница.
„Учеството на Светското првенство би било голем ризик и би можела да ја загрозам својата иднина, што не сакам“, додаде хрватската атлетичарка.
Влашиќ на Светското првенство во 2007 и во 2008 година во Осака, односно Берлин, освои златни медали, а поради повреда на глуждот и на Ахиловата тетива мораше да се повлече од Олимписките игри 2012 година во Лондон.
По пауза од 20 месеци, Влашиќ победи на првото натпреварување на кое учествуваше – на митингот на Дијамантската лига во Њујорк, во мај.
Светското првенство во атлетика ќе се одржи од 10 до 18 август во Москва.

Најнови вести