Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Историја - Тројца браќа трчаа финале на ЕП

Малку фалеше двајца да освојат медали, но и вака радоста бешпе голема, победи едниот од нив

Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригтсен е нов европски првак на 1.500 метри, откако вечерва триумфираше во финалето на континенталниот шампионат на Олимпискиот стадион во Берлин. Но, она по што ќе се памети финалната трка во дисциплината во која во квалификациите се појави и Дарио Ивановски, е што на тартанот се појавија дури тројца браќа од семејството Ингебригтсен. Освен „златниот“ Јакоб, во финалето учествуваа и неговите браќа, Хенрик, кој беше четврти, и Филип кој заврши на претпоследното 12-то место. Хенрик за малку не освои бронза, па не е испишана уште една страница од историјата, двајца браќа да освојат медали на трка од Европско првенство. 
Јакоб Ингебригтсен, кој победи на трката на 1.500 метри, е роден 2000 година и уште е малолетен, но на постарите браќа и останатите конкуренти им покажа дека има неверојатен талент, и можеби некој ден ќе успее да го урне европскиот рекорд на Мо Фарах, или светскиот на Хишам Ел Геруж, иако нивните резултати во моментов делуваат недостижни. 

 

Најнови вести