Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Перес: Модриќ може да оди во Интер, за 750 милиони евра!

Претседателот на „кралевите“ дециден, не дозволува заминување на „моторот“ на Реал

Откако зајакнаа шпекулациите дека Лука Модриќ би можел да ја продолжи кариерата во Интер, се огласи и првиот човек на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перес. Претседателот посочи дека Модриќ има договор до 2020 година и воопшто не размислува да го продаде, освен ако некој клуб не ја плати неговата откупна клаузула која изнесува неверојатни 750 милиони евра. 

„Единствениот начин за Лука да го напушти Реал е доколку некој клуб ја плати неговата клаузула од 750 милиони евра, тогаш ќе бидеме обврзани да ја прифатиме понудата“, изјави Перес за шпанските медиуми.

 

Најнови вести