Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2018

Зидан: Реал е легендарен

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека неговата екипа сè уште не сфаќа што постигнала, ја освои 13-тата шампионска титула на Европа.

Зидан изјави дека му е мило што е дел од богата клупска историја.
Реал ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако во финалето во Киев го победи Ливерпул со 3-1. Кралскиот клуб го освои 13-тиот трофеј, а трет последователен, сите три со Зидан.
„Големи се емоциите. Да се освои три пати Лигата на шампионите со овој клуб, со оваа екипа, е одлично. Сè уште не сфаќаме што сме направиле. Сега ќе уживаме. Имавме комплицирана сезона, но ваквата завршница нè прави среќни. Реал е легендарен и мило ми е што сум дел од неговата историја“, изјави Зидан за медиумите.
Зборувајќи за Кристијано Роналдо, кој по натпреварот најави дека ќе си замине од клубот, Зидан изјави дека Португалецот мора да остане, но дека треба да се почека неговата одлука.

Најнови вести