Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2011

Бент подготвен за Челзи

Дарен Бент денеска го одработи тренингот со соиграчите и е подготвен да му помогне на својот тим на гостувањето кај Челзи.

Репрезентативецот на Англија го пропушти ремито на Астон вила, на гостински терен против Стоук во минатото коло, откако се пожали на болка на тренингот пред мечот.
Медицинскиот тим потврди дека не се работи за нова и сериозна повреда и дека дваесет и седумгодишниот напаѓач одлично се рехабилитираше овие два дена и дека ќе биде подготвен за следниот натпревар.
Ова е одлична вест за менаџерот Алекс Меклиш, кој пред тоа беше на маки како да го искомбинира нападот на тимот, бидејќи како единствена опција за партнер во нападот на Габриел Агбонлахор беше дваесетгодишниот Нејтан Делфунесо.

Најнови вести