Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2018

Куртуа: Ќе останам во Челзи и наредната сезона

Тибо Куртуа, голманот на Челзи, изјави дека и во наредната сезона ќе игра за тој клуб.

Куртуа има договор со Челзи до јуни 2019 година, сè уште не преговарал со управата на клубот околу нов договор, а на крајот на следната сезона би можело да го напушти „Стемфорд бриџ“ како слободен играч.
Навивачите во последно време го критикуваат Белгиецот поради лошите игри, пред сè во натпреварите против Барселона во Лигата на шампионите, бидејќи Лионел Меси му даде два гола низ нозе.
„Имам договор на уште една година и добро се чувствувам во Челзи. Ќе разговараме на крајот на сезоната. Знам дека ќе бидам во Челзи и следната сезона. Ќе бидам мирен на Светското првенство ако одам таму со јасна идеја за иднината, било дали ќе го продолжам договорот или да почекам една година“, изјави Куртуа за белгиските медиуми.
Куртуа ѝ се приклучи на Белгија за пријателските натпревари, но мораше да ја напушти екипата и да се врати во Лондон за да закрепне од повредата на мускулот и тетивата. За него наводно се заинтересирани Реал Мадрид и ПСЖ.

Најнови вести