22.2.2018 Дали Зидан го понижи Себалјос?
Дани Себалјос, играчот за врска на Реал Мадрид, наводно бил многу бесен по тоа што се случи на натпреварот со Леганес.
Во победата од 3-1 во гости, младиот 21-годишен фудбалер одигра само 29 секунди во продолжението на времето, а весникот „Марка“ наведува дека играчот јасно ставил до знаење дека не е задоволен и дека неговиот однос со тренерот Зинедин Зидан се влошува.
Себалјос последен пат во Примера лигата играше на деветти декември минатата година, во натпреварот со Севилја, и сè повеќе се шпекулира дека тој ќе се врати на заем во Бетис.