Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2011

Јувентус без Вучиниќ три седмици

Поради повреда на бутниот мускул на десната нога, Мирко Вучиниќ, црногорскиот центарфор на Јувентус, ќе мора да паузира следните три седмици, објавија од фудбалскиот клуб од Торино.

Дваесет и осумгодишниот напаѓач се повреди во текот на неделниот првенствен натпревар против Чезена во Торино, а вчера му беа направени комплетни лекарски прегледи.
Црногорецот ќе го пропушти утрешниот дуел од Италијанскиот куп против Болоња, како и првенствените средби против Рома и Новара. На теренот има шанси да се врати дури во јануари, по божиќно-новогодишната пауза.
Алесандро дел Пјеро, 37-годишниот напаѓач кој во 56-тата минута на натпреварот во неделата го замени Вучиниќ, вчера изјави дека е спремен да заигра на утрешниот дуел. Тој мораше да го напушти теренот само осум минути откако влезе во игра, по еден судир во дуел поради кој доби осум конци во пределот на левата слепоочница.

Најнови вести