Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2011

Астон вила без Гивен еден месец

Шеј Гивен, искусниот триесет и петгодишен ирски репрезентативен голман и член на Астон вила, ќе биде надвор од терените околу еден месец поради повреда на задниот дел на бутниот мускул на левата нога.

Со таа повреда се здоби на саботниот првенствен домашен пораз на својата екипа од Манчестер јунајтед, а на негово место во игра влезе американскиот голман Бред Гузан, кој ќе биде меѓу стативите и во наредното коло против Болтон.

„Разочарувачки е што токму во овој момент останавме без Гивен, но такви работи во фудбалот се случуваат. Ќе мораме да се носиме со ситуацијава. Имаме многу доверба во Гузан, кој, како што реков, по натпреварот со Манчестер јунајтед може да биде горд на начинот на којшто го замени Гивен“, изјави менаџерот на Астон вила Алекс Меклиш.

Најнови вести