Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2017

Младиот Веа во ПСЖ

Синот на еден од своевремено најдобрите напаѓачи во Европа Жорж Веа, Тимоти, го парафираше првиот професионален договор со клубот во кој се афирмираше неговиот татко.

Седумнаесет годишниот напаѓач има двојно државјанство, иако неговиот татко настапуваше за Либерија, Тимоти е роден во Њујорк и има француски и американски пасош.
Првите фудбалски чекори ги оствари во академијата на Њујорк Ред Бул, а во 2014 година се пресели во Париз.
Настапуваше за селекцијата на САД до 17 година, а минатата сезона во младинската Лига на шампиони постигна три голови на честири натпревари.
Со ПСЖ потпиша договор со важност до 2020 година.

 

Најнови вести