Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2017

Гриезман во Атлетико до 2022 година, клаузулата остана 100 милиони евра

Францускиот фудбалер Антоан Гриезман го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2022 година.

Крилниот напаѓач, сепак, не му дозволил на клубот да ја зголеми откупната клаузула, која остана на сто милиони евра.
Се очекуваше Гриезман претстојно лето да направи трансфер во Манчестер јунајтед, но одлучи да остане во Мадрид откако на Атлетико му беше потврдена суспензијата до јануари.
Гриезман во наредните пет години, доколку остане толку кај „јорганџиите“, годишно ќе заработува околу 14 милиони евра, што е три и пол помалку од она што му го нудеа „црвените ѓаволи“.
Дваесет и шестгодишниот Французин стана најплатениот играч на Атлетико и четврт најплатен играч во Шпанија, по Кристијано Роналдо од Реал и по тандемот на Барселона - Лионл Меси и Нејмар да Силва.
Гриезман постигна 83 гола на 160 натпревари за Атлетико откако дојде од Реал Сосиедад во 2014 година за 30 милиони евра.

Најнови вести