Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2017

Мурињо: Титулата во Премиер лигата? Невозможна мисија

Поради големиот број натпревари кои Манчестер јунајтед ќе ги одигра во сите натпреварувања, како и заостанувањето зад лидерот Челзи, кое не е мало, титулата во Премиер лигата во овој момент не изгледа како реална можност за Жозе Мурињо.

Јунајтед вчера обезбеди пласман во наредната рунда на ФА купот, елиминирајќи го Виган, ќе игра во финалето на Лига купот, а се пласира и во елиминациската фаза на Лигата на Европа.
„Реално гледано, титулата во Премиер лигата е речиси невозможна мисија. Во Лига купот имаме 50 отсто шанси за титулата, во ФА купот сме меѓу 16-те тимови, во Лигата на Европа меѓу најдобрите 32, така што имаме доста натпревари да одиграме. Ливерпул до крајот на сезоната ќе одигра 16 натпревари, а ние сме во оваа луда ситуација. Саутхемптон ќе има 15 дена да се подготви за финалето“, изјави Мурињо.
Финалето на Лига купот меѓу Манчестер јунајтед и Саутхемптон се игра на „Вембли“, на 26-ти февруари.

Најнови вести