23.11.2016 Американците го вратија Арена на клупата
Брус Арена, тренерот на Лос Анџелес галакси, го наследи Јирген Клинсман како селектор на САД, потврди Американскиот фудбалски сојуз.
Клинсман е сменет по пет години поради двата порази на стартот на последната рунда од квалификациите за Светското првенство 2018 година.
Арена веќе беше селектор на САД, од 1989 до 2006 година, а најголем успех му беше пласманот во четврт-финалето на Мундијалот 2002 година, што е најдобар резултат уште од четвртото место на првото Светско првенство во 1930 година.
По неуспехот на Светското првенство во Германија 2006 година и испаѓањето во групната фаза, тој доби отказ во репрезентацијата . Во меѓувреме го водеше Њујорк Ред булс, а со Галакси освои три титули од 2011 до 2014 година.
На Арена следниот месец му истекува договорот со тимот од Лос Анџелес.