Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2016

Жесус: Има начин да се сопре Роналдо

Жорже Жесус, тренерот на Спортинг, изјави дека подготвил план да го неутрализира Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на Реал Мадрид.

Натпреварот меѓу Спортинг и Реал се игра утре, од 20.45 часот, на стадионот „Жозе Алваладе“.
„Роналдо е роден да дава голови, за што нема лек, но мислам дека постои начин да се запре. Клучот е во тоа целиот мој тим да биде хомоген. Секако дека можам да го подготвам тоа, да му го намалиме просторот, како што беше тоа случај во Мадрид“, изјави Жесус за весникот „Марка“.
Искусниот португалски стручњак изјави дека смета дека шампионот на Европа не може да ја изненади неговата екипа во поставката.
„Нема да биде ништо поинаку, Реал ништо ново не може да смисли. Се познаваме многу добро и знаат дека не сме екипа којашто може да се потцени“, изјави Жесус.

Најнови вести